За беспрекорен изглед на косата, сјај и густина, експертите препорачуваат да користите маска од компири. Оваа маска го поттикнува и растот на косата. Се прави лесно, а потребни ви се само компири, вода и парче завој.
Првин измијте ги и излупете ги компирите (2-3 средно големи компири), па сомелете ги во блендер. Ако добиената смеса е премногу густа, додадете вода. Потоа со парче завој, т.е газа, прецедете ја смесата. Густата маса без водата нанесете ја на косата, а главата покријте ја со капа за туширање. Оставете ја маската да дејствува 20-30 минути, па измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон и вода.
Практикувајте го домашниот третман со компири 2-3 пати неделно за побргу да ги добиете посакуваните резултати.