Домашна маска против опаѓање на косата

Сè повеќе жени се соочуваат со опаѓање на косата кое значително се интензивира помеѓу овие две сезони. Опаѓањето исто така може да биде предизвикано од различни фактори, кои можат да бидат физички и емоционални, потоа недостаток на исхрана, хормонална нерамнотежа, алергии, лоша хигиена или употреба на несоодветни производи за нега на коса.

Ви претставуваме домашен рецепт за маска за коса којашто го стимулира растот, силата и здравјето на косата, но и спречува нејзино опаѓање. Особено тријте ја на местата каде што најмногу ви паѓа косата. Нанесувајте ја еднаш неделно.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1 зрела банана
  • 1 лажица мед
  • 125 мл пиво

Подготовка: Во сад изгмечете ja бананаta и додадете едно изматено јајце. Добро промешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете мед и пиво и повторно добро измешајте. Нанесете ја добиената мешавина врз косата со четка, почнувајќи од врвот па сè до крај, како и на скалпот. Тријте и масирајте ја маската околу 5 минути. Потоа ставете врз главата капа за туширање и оставете ја маската да делува околу еден час. Измијте ја косата на вообичаен начин. 

Бананите се одличен извор на калиум и витамините А, Ц и Е, што ги прави идеални за оние со слаба коса. Овие витамини се неопходни за здрава и силна коса. Јајцата се богати со протеини, а една од компонентите на косата е протеинот, кој игра важна улога во растот на здрава коса. Покрај тоа, јајцата ќе ѝ дадат сјај на вашата коса.

Пивото е богато со витаминот Б, кој исто така го стимулира растот и ѝ дава волумен на косата. Медот е полн со хранливи материи, го спречува сушењето и ја храни косата со витамини и минерали.

Scroll to Top