Домашни маски за мека коса и чисто лице

By

Не мора да одите кај козметичар или фризер, бидејќи ефектот на овие маски е извонреден.

Без оглед на тоа дали вашата коса е посува или нејзините краеви се оштетени по завршувањето на летото и пливањето во море или базен, како и честото фенирање, треба да се грижите за неа одвреме-навреме. Иако можеби полесно  поедноставно ви е да купите готова маска за коса, секогаш подобра опција е да ги користите состојките што ги имате дома. И поевтино е, се разбира.  За да подготвите одлична маска за коса, но и за лице, ќе ви бидат потребни само пет состојки и не повеќе од 15 минути време.

Маска за коса

За да ја подготвите оваа маска за коса, ќе ви треба само маслиново масло, по можност домашно и ладно цедено, една жолчка од јајце и малку сок од лимон. Оставете ги белките на страна, бидејќи ќе ви бидат потребни да подготвите одлична природна маска за лице.

Состојки:

  • 1 жолчка
  • неколку лажици маслиново масло  (количината зависи од должината на косата)
  • 1 лажиче лимонов сок

Измешајте една жолчка од јајце, неколку лажици маслиново масло и една лажичка сок од лимон и нанесете врз сува коса. Оставете ја така да отстои околу еден час. Ако сте во можност, можете да ставите капа за капење или обична, пластична кеса, иако не е неопходно. По тоа, измијте ја косата на вообичаен начин и уживајте во нејзиниот сјај и лелеавост.

Познато е дека маслиновото масло е богато со хранливи материи кои влијаат не само на квалитетот на косата, туку и на скалпот. Благодарение на омега-3 и омега-6 масни киселини, кои исто така се присутни во маслиновото масло, коренот на косата и косата ќе бидат обновени и заштитени од пукање. Исто така, се верува дека маслиновото масло го спречува опаѓањето на косата и дека може дури и да го забрза нејзиниот раст. Покрај протеините, жолчката е богата со бројни минерали и витамини. Затоа има позитивен ефект врз квалитетот на косата. Во комбинација со маслиново масло, ја зајакнува косата и ја прави косата посјајна и поздрава.

Пилинг и маска за лице

Кога ќе завршите со нанесување на маската за коса, подгответе одлична природна маска за лице од преостанатата белка од јајце. Пред да ја направите постапката подоле, подгответе маска за лице на следниот начин: изматете ја белката со виљушка и додадете неколку капки сок од лимон, а потоа промешајте ги малку.

Состојки:

  • две лажици ‘ржано брашно
  • малку вода
  • неколку капки сок од лимон

Истурете малку ‘ржано брашно на подавалник, навлажнете ја дланката и потпрете ја врз брашното, за да остане на вашата дланка. Потоа истријте го лицето со неа и повторете ја постапката сè додека целото лице не се истретира на тој начин. Не плашете се ако лицето ви стане малку црвено. Ова е сосема нормална реакција.

Потоа измијте се, за да ги отстраните остатоците од брашното, избришете го лицето и нанесете ја претходно подготвена маска на лицето. Додека маската работи, ќе почувствувате мало затегнување. Затоа е добро да ја нанесете маската од белки во пределот околу очите, бидејќи на тој начин ќе се пополнат брчките коишто може да ги имате во тој дел од лицето.

Оставете ја маската да отстои околу 15-20 минути. По тоа, добро измијте го лицето и оставете го да се исуши природно. На крај нанесете хидратантен крем по желба.

Ќе ви се допадне

4Anime Watch anime online, English anime online HD

AnimeHeaven: Lupin III: World's Most Wanted anime episode Full online free at https://animeheaven.pro dragon ball z anime heaven

https://animeflix.nl animeflix my hero academia heroes rising

Watch anime online for free at KissAnime kissanime mobile

Beautifulnow: https://beautifulnow.is/users/kissanimemx

Openstreetmap: https://www.openstreetmap.org/user/gogoanimebe