Едноставна рутина за нега на кожата на Жизел Бундшен: топ-моделот открива трикови за здрава кожа во 40-тите

За убава кожа не треба многу, а доказ за тоа е познатата манекенка, која има чиста и сјајна кожа и на четириесет години и вели дека немала ниту една пластична операција.

Ако сте во возраста на Жизел или им приоѓате на тие години, тогаш знаете дека промените на кожата се неизбежни и сè повеќе се забележуваат.

Ангелот на „Викторија сикрет“ живее на Флорида, а нејзината кожа е изложена на сонце повеќе од кога било.

За новите пеги не се грижи премногу и таа вели дека стареењето е прекрасен природен дел од животот.

Таа ја менуваше својата рутина за нега на кожата со текот на годините и кога погледна наназад, рече дека сега се чувствува пријатно во својата кожа и е благодарна за секоја година што ја живеела.

Нејзината рутина за нега на кожата е прилично едноставна. Таа го мие лицето со вода и понекогаш прави пилинг по потреба. Секоја вечер става крем на лицето и околу очите. Производот без кој не може да живеете е серумот Dior Capture Totale Super Potent.

Scroll to Top