Едноставни и шик фризури кои се апсолутен тренд меѓу Французинките

By

Кога станува збор за француските женски фризури, нивната филозофија е многу доследна: колку помалку ја обликувате и уредувате, толку подобро.

Французинките имаат вештина да ја натераат косата да се приспособи на нивниот животен стил. Притоа да зрачи со лесна, ноншалантна естетика. За да го постигнат овој опуштен, но шик изглед, постојат одредени фризури кои тие ги избираат речиси секој ден.

„Француската коса е мекост и софистицираност без многу внимание“, објаснува стилистот Тревор Сорби Ковент.

Ова се најчестите фризруи кои ги бараат Французинките кај своите стилисти.

1. Разбушавена фризура

Разбушавената коса доживеа голем камбек во текот на изминатата година, а Французинките беа оние што го презедоа водството. Оваа фризура помеѓу долга и кратка коса има меки, текстурирани слоеви и зрачи со својот секојдневен изглед.

Клучот е никогаш да не ја преоптоварувате косата. Ако сакате вашата коса да биде светла и воздушна, попрскајте балсамот на вашата коса додека е влажна и оставете ја да се исуши природно за да ги дефинирате природните бранови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camille Charriere (@camillecharriere)

2. Француски боб

Експертите за коса веќе велат дека францускиот боб ќе биде најбараната фризура во 2022 година.

Францускиот боб изгледа како класичниот боб, но без оние остри рабови. Совршен за права, брановидна и кадрава коса, францускиот боб е една од најелегантните фризури“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aïda Badji Sané (@basicstouch)

3. Пикси фризури

Пикси е уште еден класичен француски стил.

За кратка права коса со текстура, ќе ви требаат различни производи за стилизирање – од регенератори до преси со ниски температури, а кога станува збор за кратката виткана коса, хидратацијата е пресудна, па затоа побарајте крема за да ги дефинирате локните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie Delphine (@slipintostyle)


 4. Долга коса со шишки

Фризурите со шишки се олицетворение на шик фризура за француските девојки, особено кога се комбинираат со долга коса. Овој стил изгледа најдобро кога е прилично рамна во коренот, а рабовите имаат одредена текстура.

Французинките го избираат пристапот “помалку е повеќе”, кога сакаат да изгледаат софистицирано без многу напор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)

5. Тенџере фризура

Т.н тенџере фризурите одамна не се само за оние со ретро стил, ниту само за ексцентрични, за што сведочат и стилизираните жени на париските улици.

Можете да ја носите мазна или „неуредна“, а за поголем волумен користете сув шампон или спреј за сјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Loïcka Grâce (@thevisuelofgrace)

Ќе ви се допадне

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

anime online Bleach (Dub)

Fairy Tail (Dub)

anime dao AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

sites to watch anime AnimeDao My Hero Academia Season 3 (Dub)