(Фото) Бугарската актерка Нина Добрев рекламира парфеми на „Диор“

Бугарската актерката Нина Добрев, која се прослави со улогата во серијата „Дневници на вампирите“, стана заштитно лице на новите парфеми на „Диор“ за САД. Таа е моден амбасадор на познатиот бренд од 2019 година, но сега првпат ќе ги рекламира нивните производи во Америка.

Нина последните две години присуствува на нивните ревии во Париз, но и на Канскиот филмски фестивал и на гала-настаните во Њујорк како гостин на брендот. Освен што ќе ги рекламира мирисите Maison Christian Dior во САД, таа ќе продолжи да рекламира шминка и производи за нега на кожата за европскиот пазар.

 

Глумицата вели дека е воодушевена што го продолжува партнерството со „Диор“.

„Тоа беше мој сон откога се сеќавам, но реалноста да му се приклучам на семејството беше дури и поубава отколку што можев да замислам“, рече таа.

Добрев ќе ги промовира мирисите направени од Франсоа Демачи, креатор на парфемите на „Кристијан Диор“ од 2006 година.

Scroll to Top