Фризурите со степен ќе доминираат оваа година

Што се однесува до трендовите на косата, праволиниските боб фризури го окупираа нашиот Инстаграм во последните месеци. Сепак, изгледа дека ни е доста од перфекционизам и дека пред пролет сакаме коса која бара помалку одржување и дава поголема слобода. О, да, токму затоа коса со степен се враќа на голема врата!

Сите тренди фризури добија свои долги варијанти, а целта е да се продолжи времето помеѓу посетите во фризерските салони. Неуредните, бушави, слоевити фризури доаѓаат во сите облици – од пикси, рунтави до класични, а стилските девојки на социјалните мрежи ги обожаваат затоа што обезбедуваат изглед без напор. Исто така, овие фризури се практични бидејќи ги покриваат испуканите врвови, а со нивната слоевитост даваат ефект на волумен и густина и на најтенката коса.

Обично косата се шиша на пократки должини на горниот и предниот дел на главата, а должината на грбот варира. „Степенувањето на косата е како вајање. Тоа помага да се промени обликот, па затоа треба да го распоредите онаму каде што сакате да ставите акцент. Се зависи од обликот на лицето, структурата на коските и типот на косата“, велат професионалните фризери, нагласувајќи дека првото шишање да им го препуштате на експертите.

Притоа, да потенцираме дека шишките се задолжителни како први во низата степени.

Ви ги издвојуваме најубавите фризури со степен кои ќе ве инспирираат да закажете шишање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexa Chung (@alexachung)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LAURA HARRIER (@lauraharrier)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LAURA HARRIER (@lauraharrier)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alyssa coscarelli (@alyssainthecity)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emili Sindlev (@emilisindlev)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Scroll to Top