Грешки во шминкањето поради кои лицето изгледа уморно и постаро

Кај повеќето дами руменило е составен дел од дневната рутина на шминкање. Според светските шминкери, со само еден потег со руменилото може да го трансформирате лицето и да му дадете свежина, сепак ова правило важи само доколку ја одберете сенката која одговара на вашиот тен.

Многу жени грешат при изборот на сенка. Еве што е препорачливо според тенот на вашата кожа.

Темна кожа

Топли нијанси како теракота и тула ќе додадат суптилна длабочина на вашето лице.

Средно темна кожа

Розевите руменила ќе бидат идеален пар за вашиот природен жолтеникав подтон на лицето.

Светла кожа

Руменилото со бебешко розева боја најдобро ќе ги истакне вашите нежни црти на лицето.

Исклучително бледа кожа

Светкавите праскасти нијанси ќе ѝ дадат секси сјај на бледата кожа, но не и изглед на порцеланска кукла.

 

Scroll to Top