Со редовна нега на лицето, кожата ќе ги задржи сјајот, еластичноста и може да ги намали брчките. Природната нега на кожата е најдобра, па затоа може сами да направите хидратантна маска за лице од три состојки. Потребни ви се:
1 шака овесна каша
1 белка
1 лажичка кокосово масло
Кокосовото масло длабински ја хидрира кожата бидејќи неговите молекули продираат во подлабоките слоеви на кожата и не се задржуваат на површината. Овесот ѝ помага на кожата да ја задржи влажноста, а со него ќе направите и благ пилинг кој е одличен и за сувата кожа. Измешајте ги состојките и нанесете ја маската на лицето. Оставете да делува 20-30 минути, а потоа измијте ја.