Како да се справите со разни кожни проблеми

На рацете

Често се појавува пилешка кожа (лат. keratosis pilaris) е состојба на кожата која ја предизвикува кератинот (еден од главните протеини на кожата) кој се таложи во фоликулата на влакната. Овој проблем е доста чест (го има секоја втора особа на светот).

Пилешката кожа е генетска работа и нема лек за неа, но можете да го ублажите проблемот ако се мачкате со препарат кој содржи млечна или гликолна киселина три пати неделно.

На грбот

Акните на грбот знаат да бидат ноќна мора за жените. Се појавуваат поради хормонски нарушувања или (ако носете распуштена коса) поради регенераторот и останатите производи за нега кои од косата ги пренесуваме на грбот. Или, доколку доста често сте во спортска облека, тоа би можело да бидат и фунгални акни – црвени, полни со гној, кои чешаат, а се предизвикани од спорите кои прекумерно се размножуваат во фоликулата на влакното. Но нема простор за паника, бидејќи тоа е нормално.

Доколку не сте дерматолог кој напамет ја знае разликата, хормоналните и фунгалните акни можат да изгледаат исто, па морате да го лечите  едното и другото. Значи, набавете шампон против првут, кој ја содржи антифунгалната состојка кетоконазол за убивање, односно спречување раст на спорите (кои предизвикуваат и првут). Додека се туширајте, размачкајте си од шампонот по грбот, причекајте три до пет минути, а потоа измијте се. После тоа со тоник и памукче кој содржи салицилна киселина премачкајте го тоа место од кожата како би ги одржале порите чисти.

На задникот

Фоликулитис или второто име на воспалението на фоликулите на влакното. Тие се појавуваат поради пот или тесна облека, или бактерија, која предизвикуваат иритација. Понекогаш може да се претворат и во циста.

Еднаш дневно, под туш исчистете го задникот со пена за чистење со 5% бензоил пероксид, како би ги убиле бактериите кои ги предизвикуваат тие израстоци.

Оставете ја пената да отстои три минути пред да ја измиете, а потоа местото намачкајте го со крема против чешање.

Scroll to Top