Како да ви остане карминот под маската против корона

Иако носењето маска поради короната е задолжително во затворени простории и на сите јавни места (освен на отворено), тоа не значи дека не треба да ставите кармин на усните. Но, постојат трикови што ќе го направат вашиот кармин потраен и помалку или воопшто да не се залепи за маската.

За да може вашиот кармин да трае подолго, прво треба да ги подготвите усните. Нанесете добар чистач на усни за да ги отстраните мртвите клетки и да ги направите усните мазни и хидрирани. По чистењето, на усните можете да нанесете прајмер, а потоа и молив за усни за да бидете сигурни дека карминот ќе трае подолго.

Кога станува збор за видот на кармин, најдобро е да изберете мат текстури и високопигментирани кармини, но внимавајте кармините да бидат доволно хранливи за да не ви се исушат усните. Потоа нанесете го карминот со помош на четка. На крајот ставете малку сјај на усните, па ако веќе нешто се брише од устата, тоа ќе биде сјајот, а не карминот.

Scroll to Top