Војвотката Кејт Мидлтон открива едноставен трик со кој можете да добиете блескава кожа. Таа вели дека користи мали крпи со кои нежно го трие лицето со вода. Нејзиниот шминкер тврди дека ова е одличен начин да се отстранат нечистотиите во порите.
Сите знаат дека светските џет-сет лица секојдневно користат скапи креми, серуми, маски и третмани кои најчесто се недостижни за просечен човек.
Но, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, има беспрекорна блескава кожа, без знаци за стареење, благодарејќи на третманите кои таа ги користи.
Мидлтон користи мали крпи со кои благо го трие лицето со вода. Таа вели дека крпата прави подобра работа отколку чистењето со рацете. Со нив таа ги уништува сите мртви клетки од кожата. Но, повеќето пријатели и коментираа дека Кејт ја продава оваа приказна поради лажна скромност.
Тие ѝ порачаа дека миењето со вода и крпа не ги отстранува нечистотиите, туку само ја суши кожата.