Колку врзувањето коњско опавче е штетно за косата

Kоњските опавчиња се секогаш супер решение, особено кога косата ви е малку валкана или фризурата не ви е успешна, а и кога одите на тренинг или готвите. Но, ако постојано ја врзувате косата во опавче, несвесно си нанесувате штета. Како сепак да го продолжите да носите коњско опавче, а притоа тоа да не ѝ прави проблем и на вашата коса?

Наместо да ја собирате косата и да ја стегате со стегач додека тој не дојде пред пукање, врзете ја полабаво. Дерматолозите велат дека поради ова се тенчи косата, што доведува до проретчување. За проретчувањето на косата само коњскиот опаш крив. Во групата одговорни за овој проблем се и екстензиите, пунџите, траките, било која фризура поради која косата силно ја чешлате и стегате.

Косата може да се изретчи било каде на скалпот, но поради коњското опавче начесто се ретчи од страните, знаете кога ќе се појават оние високи островчиња кои никогаш не сте ги имале…. Се јавува и зад ушите, но и на темето.

Кога знаете дека грешите при врзувањето коњско опавче?

Лесно. Ако ве боли темето кога го врзувате и кога го тргате стегачот го имате она непријатно чувство, тоа значи дека премногу сте ја стегнале косата и дека ако го правите тоа често, тоа едноставно не е добро.

Време е да размислите, стварно! Косата ќе се оправи ако тоа го правите повремено, но ако тоа е вашата вообичаена фризура, фоликулите на влакната ќе останат трајно трауматизирани и косата на тие места ќе престане да ви расте.

Е сега, бидејќи малку ве исплашивме, ајде малку да ја опуштиме приказната. Има надеж за косата ако:

1. Носите некоја малку полабава варијанта

Пунџите и коњските опавчиња се океј сè додека од време на време ја оставате косата на мира. Не носете ги секој ден. Темето не смее да ве боли кога ќе ја пуштите косата.

2. Бидете нежни спрема својата коса

Избегнувајте силно да ја влечете косата додека ја местите фризурата.

3. Размислете уште еднаш за екстензии

Екстензиите се тешки. Тие често се користат за камуфлирање на тенката коса, а всушност тие самите уште повеќе ја тенчат и можат да провоцираат опаѓање на косата. Затоа користете додатоци, и тоа само во специјални прилики. Ретки! И секако не спијте со нив.

Scroll to Top