Корална боја на ноктите за пред крај на летото

Секое лето ни носи бројни комбинации за дезенот на ноктите. Ова лето е како создадено за истражување и заљубување во прекрасните раскошни бои и нијанси. Една од нив особено е популарна и се чини дека и наредната сезона нема да се симне од топ-листата на најатрактивните. Во прашање е коралната.

Оваа есенцијална боја на жив корал совршено се согласува со исончаниот тен. Така нежна и инспиративна, со додатоците во вид на светки и други детали, коралната изгледа толку женствено и занесно.

Постојат многу комбинации и нијанси на оваа боја, што просто неправедно е да одберете една и да ја претставите како ултимативна.

Доволно примерна за деловен аутфит, совршена за дневни варијанти на излегување, а со ситните додатоци во облик на светки се претворуваат во вашиот врвен придружник при ноќните излегувања, коралната изгледа секогаш свежо и сензуално. Погледнете ја нашата галерија и откријте ги најновите трендови!

Scroll to Top