Козметика што често жените ја користат погрешно

Некои козметички средства немаат прецизно и конечно упатство за употреба, а па нив жените често ги користат погрешно, што може да им донесе повеќе штета отколку корист.

Можеби не сте имале проблеми, но нема лошо да ви дојдат триковите со кои ќе го извлечете максимумот од одредени производи.

Масло за чистење лице

Маслото и водата не се мешаат. Меѓутоа, кога станува збор за маслата за чистење лице, тоа правило не важи, затоа што во комбинација со вода делува уште подобро.

Како би го извлекле најдоброто од маслото, втријте го в лицето со влажни прсти. Така шминката и сета нечистотија од лицето ќе ја симнете полесно и подобро.

Тоник за лице

Со тониците за лице треба да бидете особено внимателни и нежни, не само на подрачјето околу очите, туку и на остатокот од лицето. Тупферот со тоник немојте никогаш грубо да го триете од лицето за што поскоро да ја отстраните шминката.

Подобро е да го притиснете неколку секунди на подрачјето кое сакате да го исчистите, па тоникот ќе ја впие шминката и ќе се избрише со само еден лесен потег.

Бјути блендер

Главната цел на овие сунѓерчиња е шминката што подобро да се впие во лицето како би изгледало што поприродно. А тоа најдобро ќе го постигнете ако полека го тапкате мејкапот по лицето и избегнувате триење.

Молив за усни

Повеќето жени моливот за усни го нанесуваат само до аголот и тоа е потполно погрешно.

За најдобар ефект на моливот треба лесно со прстите да ја размачкате  спрема внатрешната страна од усните како што подобро ви се впила и усните изгледаат поприродно. После тоа нанесете кармин преку сè.

Регенератор за коса

Бројни професионални фризери сега тврдат дека регенераторот би требало да се нанесе на косата пред шампонот, што е потполно спротивно од она на што досега сите мислеле и правеле.

Доколку го промените редоследот, косата, наводно ќе стане многу помека и ќе изгледа поздрава. Па, пробајте.

Scroll to Top