Маска од морков за потхаранување на кожата

Негуваниот тен секогаш е во мода, а вашата кожа може да изгледа совршено ако ја потхраните со маска за лице од морков. Оваа маска е позната по своите хранливи и детоксикациони својства. Таа истовремено и ја храни и ја освежува кожата на лицето.

За да ја подготвите, измешајте лажица рендано сирење, маслиново масло, млеко и сок од морков. Изматете додека не добиете хомогена смеса, па нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути.

По тоа, ставете топла облога над маската и по пет минути исплакнете го лицето со ладна вода. Оваа маска е погодна за сите типови на кожа.

Ако ви пречат брчките, додадете изматени жолчки и неколку капки маслиново масло во чаша сок од морков. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете ја да делува помеѓу 20 и 25 минути. Потоа исплакнете со млака вода и нанесете ја вообичаената крема на кожата.

Scroll to Top