Мејкап-трикови на манекенката Сара Сампајо

Португалската манекенка и актерка Сара Сампајо одлично знае да ги привлече погледите со својот експлозивен изглед.

Мејкап-експертите се согласуваат дека и оваа сезона јаката шминка на очите е во тренд, па некогашниот „Ангел на Викторија“ избра да стави акцент на очите.

Вниманието го одвлекуваат „зачадените очи“ со темносина сенка. Многу добра основа на кожата, квалитетна база за подлога, како и пудра со моќ за добро покривање.

Очите ѝ се нацртани со моливче и ајлајнер, а веѓите благо потемнети и расчешлани.

На јаболчниците има нанесено дискретно руменило, а на усните кармин во боја на кожа, исцртан со моливче за усни.

Сара Сампајо – голема сличност со Андријана Лима

Преубавата Сара многу потсетува на Адријана Лима, која е исто така една од најубавите манекенки. Познатата Бразилка во текот на целата своја кариера го негуваше секси изгледот, а нејзините очи беа, покрај телото, нејзин заштитен знак.

„Мојата тајна можеби некому ќе му звучи чудно, но јас никогаш не ја симнувам маскарата од трепките, особено во текот на летото, само ја додавам. Некогаш намерно со маскарата го допирам работ од окото, односно делот од кожата на капакот кој е најблизок до окото за таа да изгледа малку неуредно. Мене ми се допаѓа тоа, мислам дека со маскарата одлично оди правилото ‘повеќе е повеќе’“, рече Лима во една пригода.

WASHINGTON, DC – APRIL 25: Model Adriana Lima attends the 101st Annual White House Correspondents’ Association Dinner at the Washington Hilton on April 25, 2015 in Washington, DC. (Photo by Mark Sagliocco/Getty Images)

Споредете ги Лима и Сара, дали личат?

Scroll to Top