Новата година значи можност за рестартирање и освежување. Многумина се одлучија за поздрав начин на живот, но зошто тука да запрете? Речиси сме се на половина од месец февруари, па зошто да не внесете нов ветер во вашата рутина за убавина со новите козметички производи. Не знаете од каде да започнете?
Шминкерката Ангела Калисти, која шминка многу познати личности, вклучувајќи ги Бела Торн, Олива Кулпо и Олива Палермо, откри пет трендови за убавина кои би требало да ги испробате оваа година!
Воочливи трепки
Јаките трепки се врел тренд кој станува сè популарен. Меѓутоа, Ангела препорачува да се одлучите за поприроден изглед кој нема да ги уништи вашите трепки, но сепак ќе изврши забележителна промена. Таа ве советува да користите маскара врз база на влакна за да создадете изглед на вештачки трепки.
Бел ајлајнер
Многу се популарни затоа што се нанесуваат врз внатрешноста на долниот капак за очите видно да се зголемат.
Црвена шминка
Овој тренд никогаш нема да излезе од мода и ќе биде многу често виден во 2020 година.
Розов тен
Вжарената кожа е „ин“ и тој сјај се прошири и на усните. Многу сјајните усни се враќаат во голем стил.
Очи, очи, очи…
Не плашете се да ги испробате живописните неон сенки, затоа што оваа година ќе бидат голем хит.