Најпопуларни нијанси на кармин за пролетнава сезона

Карминот е завршен печат на секој модерен и привлечен стајлинг, а ни помага да се чувствуваме доста женствено, самоуверено и привлечно. Токму следниве три нијанси кармин ќе бидат апсолутен хит во текот на пролетната сезона.

Пудреста розова

Една од најпопуларните пролетни бои го најде својот пат и до карминот. Станува збор за нуд кармин со пудерест розов финиш, а која апсолутно никого не остава рамнодушен. Идеално е за дневни варијанти.

Притоа таа сигурно ќе ви помогне да изледате нежно и прекрасно.

Нежен корал

Коралните нијанси обично „влечат“ на црвено, но се многу нежни и не се толку (да кажеме) „нападни’. Ова е нијанса која можете да ја носите во сите пригоди, но и во кој било период од денот или ноќта.

Оваа боја сигурно ќе ви помогне да изгледате модерно и впечатливо.

Боја на вино

Доколку оваа сезона сте во потрага по кармин кој ќе го носите во вечерни пригоди, а кој на вашите усни ќе се истакне на најдобар можен начин, тогаш бирајте нијанса со боја на вино.

Доста привлечно и модерно, ќе го разубави вашиот целокупен вечерен стајлинг. Покрај тоа, прилично добро се согласува со речиси секој тен.

Scroll to Top