Направете сами тоник од рози

Хидратантната водa за лице е како енергетска бомба за вашата кожа поради што лицето ќе ви изгледа нахрането и свежо.

Водата од рози нуди бројни бенефиции – има противвоспалителни својства кои го намалуваат црвенилото на лицето и одлична е да се нанесе по излегувањето на сонце, поточно на темето за да се намализамастувањето на косата помеѓу миењето. Добрата вест е што многу лесно можете да го направите и сами со латици од роза, без нималку алкохол што го содржат бројните тоници и води за лице.

Како да го направите?

Се работи за парна дестилација, која резултира со хидрозол од роза, но вие можете да направите брза и лесно така што ќе извриете суви и свежи латици роза во дестилирана вода.

Состојки:

½ поголема шолја свежи латици од роза или ¼ суви
1½ шолја дестилирана вода

Постапка:

На 15 минути вријте ги латици од роза во дестилирана вода или додека не видите дека латиците го изгубиле својот пигмент. Оставете ги да се изладат и потоа истурете ги во распрскувач. Држете го тоникот во ладилник до една недела за да не се расипе и за да биде освежувачки, но без разлика дали сте го потрошиле или не, задолжително фрлете го по една недела.

Примена на лице

Иако водата за лице е одличен облик на хидратација, сепак таа не ја менува длабоко хидратацијата на лицето која ви е нужна на дневно ниво. Користете ја наутро пред да нанесете масло или серум и хидратантна крема. Водата привлекува вода, така што откако ќе ја нанесете на лице, ќе имате моментално добро чувство на лицето, но ако не нанесете подлабока хидратација, нема да имате претеран ефект.

Scroll to Top