Негувајте ја кожата зад ушите пред и по носењето маска

Носењето маска освен што на многумина им прави проблем при дишењето, може да предизвика мозолчиња на брадата, го иритира лицето, но и делот зад ушите, кој е особено чувствителен бидејќи кожата таму е многу мека. Затоа, дерматолозите препорачуваат да ја негувате кожата и зад ужите и да ја заштитите од црвенило или брунки.

Како што ја негувате кожата околу усните и носот, негувајте ја и кожата зад ушите. Пред да ја ставите маската, ставете хидратантен крем и измасирајте го овој дел. Иако маската е одреден вид заштита, некои луѓе имаат почувствителна кожа, па овој вид иритации се неизбежни. Ако носите маска долго време, тоа може да доведе до тоа и ушите да ве заболат.

Затоа, освен зад ушите, стручњаците препорачуваат ставање хидратантен крем секаде каде што има триење. Крем ставајте и навечер за да се регенерира овој дел од кожата и за да се смири. Можете да користите противвоспалителни кремови, а пожелно е производот да содржи алое вера, масло од јојоба или глицерин.

Scroll to Top