Трендовите во шминкањето постојано се менуваат, а новата техника наречена Fox Eye е хит што се шири низ светот.
Fox eye, односно азиски облик на очите, стана доста популарен и во Европа, а како што се предвидува, овој тренд на шминкање ќе се задржи и низ годините кои се пред нас.
На Инстаграм, ТикТок и Јутуб, луѓето од целиот свет ги претставуваат своите видеа и фотографии на кои ги покажуваат очите издолжени, во облик на бадем. Оваа техника ја користат и Кендал Џенер, Бела Хадид и Меган Фокс.
Еве и едно видео кое ќе ви помогне да го постигнете ефектот на Fox eye.
Туторијалите можат да ви помогнат да сфатите како се комбинираат сенките за очи, моливчињата за очи и вештачките трепки. Советите вклучуваат и бричење на задниот дел на веѓите и нивно прецртување како би изгледале поисправени и под агол нагоре.
Азијатките во Америка бурно реагираа на овој тренд, бидејќи Американците некогаш на овој начин ги понижувале, повлекувајќи ги очите со раце и исмејувајќи го нивниот народ. Но Европејките, кои не се чувствуваат вознемирено поради овој тренд, лудуваат по него и едвај чекаат да го испробаат.