Прекријте ги седите влакна со состојки што ги имате дома

By

Седата коса е на врвот на најлоши кошмари кај секоја современа жена.

Ќе се согласите дека всушност никогаш не сте ни размислувале за белите влакна сè додека не сте го пронашле првото, и сте останале затекнати. Дури тогаш почнувате да сфаќате дека вашата борба со нив допрва започнува. Дури и ако дотогаш понекогаш сте имале обичај да обоите перчиња од својата коса, сега тоа е неопходност, која повеќе не ви причинува некое особено задоволство.

Ако не сте меѓу оние неколкумина на кои грандиозно им прилегаат  седите перчиња и ако ви треба малку време за да ја прифатите транзицијата, денешниот текст е за вас. Иако сребрените седи влакна знаат да изгледаат навистина прекрасно, современата жена треба да има и збор и кога сака да им се препушти. Ви откриваме на кој начин можете да ги покриете седите влакна, дома, на потполно природен начин.

Магијата на црниот чај и кафе

Состојки

  • 2 лажици со листови црн чај
  • 1 мерилка црно кафе
  • 1 шолја вода

Подготовка:

Загрејте вода до зовривање и во неа ставете ги листовите чај и кафето. Оставете неколку минути да отстои и малку да се излади. Нанесете на косата особено натапнувајќи врз коренот на косата и израснатиот сед дел. Оставете го да дејствува околу час време. Потоа измијте ја косата со топла вода. Не користете шампон при првото миење. Повторувајте ја постапката еднаш во две недели.

Зошто ова функционира:

Црниот чај остава трага која ја потемнува косата, а во комбинација со кафето има фантастично покривачко дејство врз седите влакна. Со само тоа ако имате природно црна или кафена коса, тој ќе направи вашите седи влакна  да не се забележуваат меѓу две боења. Освен тоа, црниот чај ја негува косата, ѝ дава неверојатен сјај и ја прави пожива.

Ќе ви се допадне