Решете се засекогаш од целулитот

Ви носиме неколку совети што ќе ви помогнат во борбата со женскиот најголем непријател – целулитот.

Спречете го задржувањето течности во телото

Продуктите што би требало да ги избегнувате за да му помогнете на својот организам да се реши од вишокот течности се солта и солената храна, а ви советуваме да практикувате поголемо внесување вода во организмот. Јадете што повеќе целер, брусница и аспарагус.

Согорувајте масти

Иако и слабите жени имаат целулит, преголемата концентрација на масти во организмот може да ја влоши ситуацијата. Ве советуваме да се придржувате кон диети во кои организмот ќе внесе помал број калории. Избегнувајте нездрава храна и наместо хамбургери, јадете овошје и зеленчук.

Хидрирајте ја кожата

Полошо од самиот целулит може да изгледа само целулитот на сува ненегувана кожа. Колку повеќе пиете вода, толку вашата кожа ќе изгледа помазна и посјајна, а целулитот ќе биде помалку забележлив. Здравите масти ќе ја хидрираат вашата кожа и затоа зголемете ја хидратацијата. Јадете што е можно повеќе бобинки, семки, маслинки и риба. Оваа храна може да биде ваш главен адут во борбата против целулитот.

Намалете го нивото на естроген

Еден од најважните производи во борбата против целулитот е ленот. Тој содржи фитоестрогени кои го нормализираат нивото на естроген во организмот. Затоа, не двоумете се појадокот со омилените житни зрна да го збогатите со семки од лен. Други продукти во кои исто така можете да најдете фитоестрогени се брокулата, кељот и зелката.

*дополнителен совет

Доколку ги примените сите овие совети, борбата со целулитот ќе стане многу полесна, но имаме уште едно оружје со кое може да се послужите. Почнете со двонеделна диета со која ќе ја намалите видливоста на целулитот на кожата. Диетата ќе ви помогне во исфрлањето токсини од телото и ќе го намали нивото на токсини во организмот. Јадете протеини, овошје и зеленчук и на тој начин ќе ја избегнете масната и зачинета храна.

Scroll to Top