Рибино масло против брчки на лицето

Најдобриот лек против брчки е рибиното масло. Содржи голема количина витамини А и Е, кои го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, а исто така ја прави мазна и еластична. Доколку се борите со мали брчки и старечки дамки, измешајте рибино масло со масна кисела павлака и сок од лимон, доволно е само една лажичка. Нанесете ја смесата врз кожата и почекајте околу 20-30 минути, а потоа отстранете ја со козметичка шпатула. Измијте ги остатоците од маската со претходно подготвен чај од камилица.

Маската од рибино масло и мед совршено ги измазнува длабоките брчки, затоа добро измешајте една лажичка рибино масло со иста количина мед. Нанесете ја оваа смеса рамномерно врз кожата на лицето со лесни движења и оставете ја да отстои околу 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со марамче и измијте ги остатоците со топла вода. Нанесувајте ја оваа маска двапати неделно и наскоро ќе го видите посакуваниот резултат во огледало.

Чистото рибино масло е најефективното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се применува пред спиење. Само оставете да отстои врз кожата 20 минути, а потоа измијте се со чиста вода.

За да го подобрите ефектот, можете да користите рибино масло и надворешно и внатрешно, во форма на витамини.

Scroll to Top