Совети како да го сочувате исончаниот тен после летото

Една недела по сончањето, бојата на кожата почнува да бледее. Експертите затоа имаат неколку совети за кожата што подолго да го задржи темниот тен.

Хидратација

Првиот и најважен совет за зачувување на потемнетиот тен по одморот е хидратацијата. Таа спречува кожата да распука. Сонцето е главната причина за сушење на кожата, така што никогаш не е доволно од хидратација. Кожата треба да ја хидрирате пред, за време и по сончањето. За најдобри резултати купете си путер за тело, масло или лосиони со хијалуронска киселина. Сушењето на кожата ќе го спречат и лосионите за после сончање.

Освен надворешната хидратација, важна е и внатрешната. Треба да пиете што е можно повеќе вода, околу 2 литра дневно и кожата ќе ви биде поздрава. Здрава кожа значи и подолг живот на кожните клетки, меѓу кои се наоѓаат и оние исончаните.

Туширање

На зачувување на потемнетата боја на тенот влијае и туширањето. Многу подобро за исончаната кожа е туширање со топла или млака вода. Избегнувајте жешка вода и топли купки, бидејќи тие ја сушат кожата. За уште подобар резултат, се препорачува да користите хидратантна крема за туширање или масло наместо гел или пена.

Мртвите клетки од кожата можат да го нарушат природниот сјај на кожата, така што е потребно да ги отстраните. Меланинот поради кој всушност кожата потемнува, не може да се отстрани со лесно триење на кожата. Тоа ќе го направите ако користите пилинг кој е комбинација од шеќер или сол во комбинација со масла.

Во исхраната вклучете храна со бета каротен. Тоа е пигментот кој на вашата кожа ќе ѝ го врати сјајот, а се наоѓа во морковите и слатките компири.

 

Scroll to Top