Совети како косата помалку да ви се масти

Ви предлагаме осум топ совети како косата да ви се масти што помалку.

Користете зовриена вода

Знаеме дека ова ви звучи доста комплицирано, но дефинитивно се препорачува како навика која ќе ви помогне косата помалку да ви се масти. Водата од бојлерот е доста тврда и има премногу камчиња, која никако не помага во нега на косата, па затоа најдобро е водата со која ќе ја измиете косата претходно да ја зовриете – така барем еден ден подолго ќе ви биде чиста.

Намалете ја употребата на масло за коса

Маслата за коса, кои се хранливи и служат за регенерација на оштетената коса, треба да се користат, но во ограничени количини, 2 до 3 пати неделно, и само во оние делови на кои им е потребен третман, а тоа се воглавно испуканите краеви. Нема потреба да го мастите коренот на косата.

Внимателно чешлајте ја косата

Косата не треба да ја чешлате доста често и да ја допирате со раце, бидејќи на тој начин само поскоро ќе ја извалкате. Препорачливо е да користите чешел, наместо четка.

Користете шампон без СЛС

Шампоните кои не содржат натриум лаурил сулфат помалку пенат, но се многу подобра опцијата за косата која брзо се масти – затоа што косата после миењето останува подолго време чиста, па наш совет е да бирате шампон кој во својот состав го нема ова соединение.

Не ја изложувајте косата на висока температура

Доколку користите пегла за коса, фигаро и сл. треба да знаете дека никако не е препорачливо да ги загревате до високи температури, затоа што на таков начин се постига дополнително производство на масен секрет, кој всушност, ја штити косата од надворешните фактори. Трудете се што помалку да ја изложувате косата на вакви температури, а кога тоа го правите, нека температурата не биде повисока од 150 степени.

Пилинг за коса

Овој вид третман дефинитивно треба да стане дел од вашата рутина кога негата на коса е во прашање. Пилингот помага во отстранувањето на нечистотијата и мртвите клетки, го зајакнува коренот на влакната и го забрзува нејзиниот раст. Изберете некој од производите со оваа намена според својот тип на коса и ќе видете дека косата сè помалку и помалку ќе ви се замастува.

Редовно менувајте ја навлаката на перницата

Додека спиете, перницата апсорбира масло од вашата коса и кожа, што создава плодно тло за умножување на бактериите, а со самото тоа и вашата коса побрзо се валка. Значи, потребно е да ја менувате навлаката барем еднаш неделно.

Заштитете ја косата од голема жештина и студ

Екстремно високите и ниски температури го поттикнуваат лачењето на себум, како влакното би се заштитило од влијанието на надворешните фактори, што значи дека автоматски побрзо се валка. Наш совет е кога е многу топло да носите шешир, а во зима капа – така ќе ја заштитите косата, а притоа и ќе го надополните својот зимски и летен стил.

Scroll to Top