(Видео) Совршена летна пунџа за 30 секунди

Летото стига, а со него и незадолжителните и практични фризури. Еве една што ќе ја обожавате.

Пунџите се фризури што никогаш не излегуваат од мода, а последниве години се многу актуелни. Се носат високи, ниски, уредни, незадолжителни и бушави, буквално сите видови на оваа фризура се во тренд.

Покрај тоа што убаво и елегантно изгледа, пунџата е доста практична фризура, особено за врелите летни денови затоа што со неа во исто време ќе изгледате елегантно и ќе имате средена коса, а ќе ја избегнете и жештината.

Ние денес ви претставуваме една пунџа, која го освои интернетот, таканаречена паунова пунџа, која прекрасно изгледа, а се прави суперлесно и бргу, па е одлична опција за утринското брзинско спремање, но и за дневните и вечерните излегувања

Сè што ви е потребно се едно ластиче за коса и марама по ваш избор.

Гледајте го туторијалот:

Scroll to Top