Стилизирана коса без употреба на фен

Скоро секоја жена некогаш го донела фенот премногу близу до главата, или го чувала премногу долго на едно место, неизбежно почувствувајќи скоро неподносливата топлина на воздухот. Сепак, тоа не спречило ниедна жена да продолжи да се фенира ден за ден.

Честото и долго сушење на косата на овој начин го нарушува надворешниот слој на косата (кутикулата). Исто така, резултира со сушење, губење на сјај, еластичност, како и кршливост на косата.

Beautiful girl with long wavy hair

Обликувана коса без употреба на фен:

Време е да се потенцира природната текстура на косата. Но најпрво треба да е сува, и без оглед на нејзината текстура, тенка, мека или остра, треба да се применат упатствата на експертот.

  • Ако косата е мека

Се зголемува волуменот на природно исушената коса (во воздухот) така што претходно треба да се измие двапати со шампон, да се нанесее балсам само на краевите и да се втрие поблаго средство за стилизирање кое не содржи масло. Потоа главата треба да се спушти, косата да се фрла наназад со повремено тресење нежно за време на сушењето. На овој начин, ќе се спречи лепење на коренот.

  • Ако косата е остра

При сушење на косата со овој квалитет, поентата е да се спречи прекумерниот волумен што го спречува посакуваниот стил, како и сушењето и излитениот изглед на косата. Се шампонира косата само еднаш, се нанесува регенератор од корен до врв, а потоа се нанесува комбинација на средство за обликување со поблаго држење и масно средство за  омекнување на косата. Не треба да се допира косата за време на сушењето, бидејќи, во спротивно, ќе се наруши природната текстура и обликот на брановите и кадрици.

Неколку корисни трикови

За оние кои што не се воодушевени од природната текстура на својата коса, овие едноставни трикови помагаат да се постигне посакуваниот стил, исто така без фенирање.

  • Општо правило: Колку поголеми витлери, толку поправа ќе биде косата.

За да се нагласи текстурата на права коса, се препорачува да се врзе двоен јазол – едниот на врвот на главата, а другиот во задниот дел на главата.

За поголем волумен и брановиден изглед, одврзете ја косата кога е целосно сува.

Scroll to Top