Тајната на Меган Маркл за здравата коса

Меган Маркл веќе неколку години го привлекува вниманието со нејзиниот стил, но јавноста е еднакво воодушевена и од нејзината коса. Иако најчесто ја носи пуштена или во несредена пунџа, фризерите велат дека токму лежерниот стил е скриениот адут на Меган.

Фризерот Џорџ Нортвуд, кој со години соработуваше со некогашната глумица, ги откри тајните на совршената коса на Меган.

„Многумина мислат дека Меган има додатоци на косата, но во две години соработка ние никогаш не ѝ ставивме надградба. Сето тоа е здрава и бујна коса“, рекол Џорџ за британските медиуми.

Тој вели дека Меган има бујна, природно виткана коса, која секогаш треба да ја фенира и исправува за да добие крупни кадрици.

Претходно, Меган на својот блог „Тиг“ пишуваше дека за вистинска нега на косата секогаш ѝ прави темелната хидратација, а врвовите ги негува со специјална маска за сува коса за да изгледаат здраво и сјајно и да се меки на допир.

Маркл не ја бојадисува косата, но повремено извлекува посветли прамни.

 

Scroll to Top