Трикови за убава кожа дури и откако ќе преспиете со шминка

Заспавте со шминка? Како да ја поправите таа голема грешка, ден потоа? Иако можеби ја немате оваа лоша навика, барем еднаш се случило да немате сила или време да ја тргнете шминката и сте легнале нашминкани. Но, ако мислите дека „само еднаш“ не може да му наштетите на квалитетот и изгледот на кожата ден постоа, се лажете. Затоа што, само една ноќ со шминката на лице може да предизвика акни, сив тен, затнати пори, и уште многу друго. Но, имаме совети кои би можеле да ги примените ден потоа.

Заспавте со кармин

Доколку сте заспале со кармин на усните, се надеваме дека тоа е класичен кремаст кармин кој најчесто прави помала штета од мат-течниот кармин. Иако е помала, сепак е штета. Еве што треба да направите: штом се пробудите, зграбете ја првата мицеларна вода која ќе ја здогледате или масло за тргање на шминката, а потоа направете благ пилинг на усните. Можете да го направите со само две состојки: кокосово масло и шеќер. Потоа нанесете бог слој балсам за усни и обновувајте го во текот на денот како усните би заздравиле од тој бјути-шок.

Заспавте со сенка/маскара

Спиењето со шминка може да предизвика иритација и инфекција која доведува до црвени, надуени очи, па дури и чешање, а сето тоа благодарение на честичките од сенката и/или маскарата кои влегле во очите. Утрото потоа, добро исчистете ја шминката од очите, но понежно од претходно, бидејќи очите сега се почувствителни. Нежно масирајте го лицето со млекото за тргање на шминката, кое сè ќе впие, а потоа ставете ја маската која претходно сте ја оставиле во фрижидер на пола саат, како би се намалила отеченоста околу очите. На самиот крај, ставете капки во очите, кои го смират црвенилото и чешањето.

Заспавте со целосен мејкап

Кога ќе преспиете со комплетно нашминкано лице, следниот ден очекувајте дехидрирана, уморна и безживотна кожа без нималку сјај. Утрото може да ве дочека и груба кожа, затнати пори и нови мозолчиња на местата кои не сте ги очекувале! Имено, имајќи предвид дека нашата кожа не можела да се регенерира во текот на ноќта (за почеток, решете се од мртвите клетки на кожата), утрото ќе морате тоа самите да го направите со помош најпрво од нежен чистач или масло за чистење кое ќе ја тргне шминката, а потоа да направите благ пилинг на лицето. Потоа, направете ја рутината за грижа на кожата со: тоник, серум и крема.

На крај, ако сте се разбудиле со црвена кожа, нанесете смирувачка маска на лицето врз база на алое вера, пантенол, бисаболол…

Scroll to Top