(Видео) Идеи за шминка за Денот на вљубените

Стилистите советуваат неколку идеи за шминка за жените кои сакаат да го изненадат својот партнер на Денот на вљубените.

Тие комбинираа неколку упатства за шминкање со кои лесно се совладуваат нови вештини за шминкање. Секако, пред изведбата за Денот на вљубените, може да направи генерална проба за да се избегнат изненадувања.

  • Розово дуо

Усните и очите во оваа романтична боја се добитна комбинација за празникот на љубовта. Совет плус: Засилете го впечатокот со вештачки трепки.

  • Моќта на класиката

Класика е класика. Црвените усни во комбинација со неутрални очи, црниот туш за очи и силните веѓи едноставно никогаш не излегуваат од мода.

  • Сјајно

За љубителите на впечатлив изглед, тука е заводливиот сојузник за шминката – сјајот. Со него не може да се погреши.

  • Суптилни очи

За сите што сакаат „smokey eye“ мејкап, но во подискретна шминка.

 

Scroll to Top