(Видео) Совршени бујни кадрици без фигаро, преса и фен

За совршени крупни кадрици не мора да одиме на фризер и да трошиме многу пари. Косата ќе ја сочуваме здрава, ако фигарото и пресата за коса, ги замениме со обична еластична трака, чорап или марама.
Овој уникатен трик, е идеја родена во време на изолацијата, како поздрава алтернатива за виткање на косата.

Траката се става на главата. Се зема еден прамен и се обвиткува околу траката. Потоа кон тој прамен се додава уште коса. кој се обвива околу траката. Постапката се повторува и од другата страна. Последните два прамени на тилот треба исто да се свијат околу траката.

Фризурава најдобро ќе се направи додека косата се уште е влажна од миењето, а откако ќе се направи, се остава, така свиена во текот на ноќта, за до наутро да се оформат крупни неодоливи кадрици.

Scroll to Top