Вратете го сјајот на кожата со кора од лубеница

Кората од лубеница е ефикасно средство за чистење на кожата. Таа ја хидрира, ја прави кожата мека и сјајна, помага при проблеми со акните.

Наместо да ја фрлите кора од лубеница, пружите ѝ освежувачки третман на вашата кожа. Отстранете го делот за јадење од кората, исечете ја на парчиња, ставете ја во блендер и направете паста. Потоа истурете ја смесата во здела со мраз и чувајте ја во замрзнувач неколку часа. Извадете една коцка и нежно тријте ја во пределот на лицето и вратот. Повторете го ова секој ден.

Бидејќи е во вид на мраз, лубеницата ќе го одржува вашето лице свежо и подмладено, а може да помогне и при акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Исто така коцките мраз се одлични за одржување на младешко лице. Тие можат да помогнат при предвремено стареење и појава на брчки.

Една коцка мраз пире од лубеница дневно треба да биде доволна за да ѝ даде природен сјај на кожата. Кората од лубеница ја прави кожата мека и сјајна и совршено ја навлажнува. Исто така, делува како природен тоник.

Покрај тоа, ако имате мрсна кожа и сте повеќе склони кон појава на акни, кората од лубеница во форма на коцка мраз може да го елиминира вишокот маснотии од површината на кожата и да ги исчисти порите. На тој начин вашето лице може да стане чисто редовно користејќи ја оваа рутина, пишува „Индијан експрес“.

Scroll to Top