Откако шампоните за суво миење на косата станаа хит во светот, редовно ги користиме за да се спасиме од лоша фризура. Но, освен за да ѝ дадете волумен на косата, сувиот шампон може да го користите и за други работи.
1. За стилизирање на фризури
Идеално решение за дамите со кратки пикси фризури: Испрскајте малку сув шампон на потоа заедно притиснете ги врвовите на поедини прамени како би створиле дефиниција и глаткост. Восоците и геловите за обликување често пати се премногу тешки (особено за оние дами со тенки коси), затоа обидете се сув шампон.
2. За исправање на грешките
Ако случајно нанесете малку повеќе лак на косата, напрскајте малку сув шампон на скалпот за да го впие вишокот сјај. Почекајте неколку минути да ја изврши својата работа, а потоа исчешлајте ја косата.
3. За да ги оформите веѓите
Нежно испрскајте ја чистата четкичка со сув шампон и исчеткајте ги веѓите. Влакненцата од веѓите ќе се вратат на своето место, а исто така ќе изгледаат погусто благодарение на скробот меѓу состојките.
4. Како резервен дезодоранс
Сувиот шампон на ниту еден начин не би требало да го замени вашиот вообичаен дезодоранс, но ќе заврши работа ако случајно го немате крај себе. Скробот присутен во сувиот шампон, исто така е една од состојките кои ги содржи дезодорансот и помага при одржувањето на кожата сува. Покрај тоа, повеќето суви шампони мирисаат убаво.