Локалните проблеми на маса: Коњановски во Кукуречани на директен дијалог со жителите

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, утре (23 април) со почеток во 20:00 часот ќе одржи средба со жителите од Кукуречани и поранешната кукуречанска општина.

Средбата има за цел директна комуникација со граѓаните, слушање на нивните проблеми, предлози и идеи, како и изнаоѓање конкретни решенија за подобрување на условите за живот во овој дел од општината.

Од Општина Битола информираат дека ваквите средби се дел од континуираните активности за поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Се очекува на средбата да бидат отворени повеќе теми поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги и локалниот развој.

Scroll to Top