(Галерија) Кралски венчаници и раскошни фустани во новата колекција на дизајнерот Златко Јовановски

By

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, по една година, ја претстави својата нова колекција раскошни фустани и венчаници. Гламурозните креации со кралски изглед во барок-стил, во кој доминираат кадифето, рачните везови, монистата и светките, и овој пат целосно го отсликуваат стилот на дизајнерот.

dobivaj vesti na viber

„Не чувствувам дека сум создал нова колекција бидејќи изминатава година постојано нешто работев. Креирав фустани за Карлеуша и Цеца, бев присутен со нови дизајни во јавноста, па некако ова е заокружување на работата од изминатиот период. Имав мини колекции и фотосесии за сценска мода, но дојде време да објавиме колекција која е комерцијална и практична. Инспирацијата е секогаш иста, јас, кралот на светкавото, облечен во пењоар, пијам кафе и дизајнирам. Но, овој пат разговорите со клиентите и нивните потреби, мислења и идеи ги ставив во преден план“, вели Златко.

Новите фустани и сега се полни со украси, извезени со апликации, камења и мониста, а неизоставна е и тантелата. Златко овој пат креира во светли бои, но и по некој бордо и црн фустан. За да ги претстави фустаните, изработи и фотосесија со моделот Белисима и фотографот Антонио Станков.

„Со мојот тим долго време посветивме на конструкцијата на самите фустани. Тргнавме со огромни желби и идеи дека сè мора да биде светски и идеално, костурот и материјалите што се под фустаните помагаат фустанот да ја има таа форма и тој волумен и сега ги доведовме до совршенство. Многу сум среќен и се гордеам бидејќи на моделот Белисима одлично ѝ прилегаа фустаните. На фотографиите се познава дека уживаше да позира во раскошните модели“, додава Јовановски.

 

Ќе ви се допадне