Актерот Џемс Марсден снимаше за „Хуго бос“  

Американскиот актер Џемс Марсден е главната ѕвезда во новата кампања на брендот „Хуго бос“ за колекцијата есен-зима 2017. Колекцијата е наречена „Own Your Journey”. Актерот се појавува во серија фотографии во костуми, но и во неколку морнарски комбинации.

Марсден не работи првпат како модел. Тој досега има работено за повеќе познати модни куќи, меѓу кои и „Версаче“.

 

Scroll to Top