„Армани“ одржа ревија во потполна тишина во знак на поддршка за Украина

Познатиот дизајнер Џорџо Армани (87) имаше ревија во рамки на актуелната модна недела во Милано, претставувајќи ја во потполна тишина. Тој го започна своето шоу за сезоната есен-зима 22/23 година, со пораката: „Мојата одлука да не користам музика на ревијата воедно е и мој знак на почит кон луѓето вклучени во трагедијата која се случува во Украина, а пред наши очи.“

Преку облеката создаде динамика,која ја претстави преку микс на текстури и дезени. Овој пат преовладуваа нијансите на сина, а не изостанаа и кадифето, светките и луксузни материјали во елегантно-деловни комбинаци во црвени, односно розови и сини нијанси. А дел од инспирацијата ја пронајде во 30-тите години на минатиот век.

Безвренската елеганција на Армани е неговиот заштитен знак, која ја приспособи на актуелните трендови, односно новите трендови ги прилаги на неговиот естетски сензибилитет.

По завршувањето на ревијата, тој објасни зошто се одлучил моделите на писта да чекорат без музичка подлога:

„Што можев да направам? Можев само да го пренесам сигналот од моето срце преку тишината за оваа трагедија која се случува. Не сакав да пуштам музика. Морав да дадам знак дека не сме среќни, не сакаме да славиме, дека препознаваме дека нешто многу вознемирувачко се случува околу нас“, вели Армани.

 

Scroll to Top