Белите мокасини се апсолутен тренд оваа пролет

By

Кога станува збор за обувките, пролетните месеци и оваа година ќе бидат обележани со мокасините, особено во бела боја. Тие станаа неочекуван тренд во светот на модните инфлуенсери.

dobivaj vesti na viber

Иако патиките сè уште се еден од најпопуларните избори на уличниот стил, во последните години мокасините станаа нивна елегантна алтернатива. Не толку одамна тие важеа за старомоден модел на обувки, или за оние кои повеќе им одговараат на мажите, но претходните неколку сезони, благодарение на помодерните (особено оние гломазните) верзии, мокасините се задолжителни чевли за девојките со стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vivid Wu (@vivid)

Иако црните модели сè уште се најпосакувани, белите мокасини ги добиваат своите 5 минути, особено на Инстаграм, кај оние похрабри и повешти трендсетерки кои сакаат да експериментираат и да ги бришат модните правила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)

Како и класичните бели патики, белите мокасини се разновиден модел на обувки што лесно се вклопуваат во различни комбинации на облека – од денски со палто и кожени панталони, до вечерни – со мал црн фустан и шик чорапи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)

Без разлика дали ќе се за каков модел да се одлучите, нема да погрешите бидејќи секој пар од овие чевли прави да изгледате елегантно и намалено како Французите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marissa Cox (@ruerodier)

Напролет можете да ги носите со здолништа и цветни фустани, а се препорачува наместо сребрени детали да ги изберете оние со златни – со кои можете да комбинирате накит во иста боја.

Ќе ви се допадне