Безвременските модни изгледи на Џулија Робертс актуелни и денес

Актерката Џулија Робертс е една од ретките што не го промени личниот опис, туку со препознатливата насмевка го прифаќа стареењето, а нејзиниот стил уште од самото нејзино појавување на филмското платно остана беспрекорен.

Деведесеттите како модна деценија повторно се актуелни, во прилог ви ги претставуваме петте најдобри модни изгледи на актерката што ја одбележаа оваа деценија.

1. Трегерки

Трендот што се враќа на големата врата повеќе не е резервиран само за бремени и молери, туку може да се комбинира во секојдневното облекување. Добриот пар трегерки и бела маичка е сè што ви е потребно за да постигнете ултимативен летен лежерен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberrtsfans)

2. Костум

Машките кроеви на костум веќе некое време доминираат на модната сцена, а ако ви недостига инспирација, тука е модниот изглед на Џулија од доделувањето на „Златен глобус“, кој уште тогаш привлече доста внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vintage.glow⚡ (@80shide)

3. Беретка и кожен мантил

Ништо не сугерира француски стил како добар мантил и шанел-беретка, а белата маичка, минималистичките обетки и темните ретро очила дополнително го акцентираат францускиот стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberrtsfans)

4. Лежерно, а шик

Бела ролка, црно сако и добар џинс – доколку мислите дека безвременските модни комбинации не постојат, сте се излажале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberrtsfans)

5. Слобода

Премиерата на филмот Notting Hill во 1999 го одбележа еден од клучните моменти кога Робертс се појави со неиздепилирани пазуви во црвен светкав фустан. Овој феминистички став во тоа време наиде на огромна осуда, но денес ја сместува меѓу пионерките на феминизмот, кои се бореа за слобода на женското тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @softnostalgias

Scroll to Top