Бојата на облеката влијае врз нашето расположение

Бојата на облеката може да го подобри вашето расположение, но исто така може да го расипе, но и да ги забрза или забави отчукувањата на срцето, а влијае и на тоа дали се чувствувате самоуверено или по малку несигурно, итн.

Затоа, не носете нешто само затоа што таа боја одговара на вашата коса или очи добро, гледајте и на тоа како ќе влијае на вашето расположение. Исто така, многу луѓе несвесно избираат бои врз основа на тоа како се чувствуваат во тој момент.

Црвена
Црвената облека ја зголемува самодовербата и придонесува за истакнување од толпата. Таа покажува храброст и го олеснува донесувањето одлуки. Во повеќето делови од светот, оваа боја носи аура на опасни страсти и сексуалност. На пример, во Индија во таа боја е фустанот што го носи невестата на свадбата. Ефектот на црвено се ублажува со бела или беж боја.

Жолта
Оваа сончева и позитивна боја помага да се зближиме со луѓето, дури и со оние што можеме да ги наречеме арогантни или поточно срамежливи. Доколку се одлучите за жолта комбинација на облека, внимавајте да не претерате со жолтата боја. Доволен е еден детал, на пример, може да биде маица, здолниште, чевли, чанта, марама, но не сè заедно во таа боја.

Сина
Таа е целосна спротивност на црвената. Ги успорува отчукувањата на срцето и го намалува крвниот притисок, така што е идеалена за релаксација. Исто така, оваа боја создава позитивен прв впечаток кај другите луѓе и е идеална, на пример, за на интервју за работа или за излегување со некој што ви се допаѓа. Ако сината нијанса е премногу темна, можете да ја омекнете со посветли бои.

Зелена

Оваа боја смирува и освежува. Ако сакате да се чувствувате така, облечете нешто зелено. Има многу нијанси, па затоа е погодна за сите типови на кожа, односно секој може да ја најде нијансата што најмногу му одговара. Зелената ќе биде нагласена доколку додадете неутрални бои. Зелено ланче исто така ќе има добар ефект врз расположението.

Виолетова

Совршена е за создавање впечаток на искусна и самоуверена личност. Како и сината, таа е одличен избор за оставање позитивен прв впечаток. Го поттикнува чувството на духовност – како на некој начин да ве издигнува над секојдневните, земни работи. На младиот човек му дава и доза на сериозност и зрелост. Виолетовата боја е одлично надополнета со пастелните нијанси.

Црна

Оваа боја им одговара речиси на сите, а позната е по тоа што создава потенок визуелен ефект и придонесува за поелегантен изглед. Од друга страна, црната боја остава впечаток на тага и може да влијае на расположението на оној што го носи. Доколку сакате да изгледате поелегантно и помалку морбидно, комбинирајте ја со детали од живи бои.

Портокалова

Оваа боја е комбинација од карактеристиките на жолтата и црвената боја. Таа е одличен стимулатор за различни активности, како и за будење на креативноста. Изгледа одлично во комбинација со ладни и неутрални бои.

 

Scroll to Top