Уште на самиот почеток од снимањето на новите 10 епизоди од серијата „Сексот и градот“, главните херојки од серијата веќе почнаа да диктираат модни трендови. А доказ за тоа се и чевлите на платформа, кои благодарение на нив се враќаат на сцена.
Холивудската актерка Сара Џесика Паркер, која ја глуми култната модна икона Кери Бредшо, се појави во чевли на XL-платформа со дебела потпетица, модел на Мери Џејн.
Покрај тој модел, таа носеше и сандали на платформа со потпис на Сен Лоран, а сличен модел носеше и нејзината колешка Синтија Никсон, односно Миранда Хобс.
Чевлите на платформа беа ултимативен тренд во 90-тите, но набргу беа соборени од поелегантните модели на чевли, односно со пониски потпетици без платформа.
Изминативе години можеа да се забележат само во ретки пригоди, а некои од ѕвездите никогаш не се откажаа од нив, како, на пример, латиноубавицата Софија Вергера.