Дезинфицирајте ја валканата облека со водка

Ова е можеби најдобриот трик кој некогаш сте го слушнале за дезинфекција на облеката. Што ако сакате да носите парче што веќе сте го носеле и стои фрлено за перење?! Решението е водка, која ќе ја искористите како спреј за ткаенини. Освен што алкохолот ги убива бактериите, водката, за разлика од другите силни алкохолни пијалаци, не остава никаков мирис. Затоа по малку необичното освежување, вашата облека ќе биде како нова.

Што треба да направите?

Искористете било која водка, дури и онаа во пластично шише. Сипете ја во празно шише со распрскувач. Оспрскајте ја облеката. Почекајте да се исуши на воздух и можете да ја носите како да е сега перена.

Scroll to Top