Џеј Ло има нова колекција чевли: Сакам дамите да зрачат со самодоверба

Светската ѕвезда Џенифер Лопез ја промовира својата најнова колекција чевли, која вели дека е создадена за да ги забавува и да им помага на дамите да зрачат со самодоверба. Колекцијата има сè: сандали, чизми, патики.

„Ја создадов оваа колекција за секоја жена и за сите пригоди. Едвај чекам сите да танцуваат, да минуваат повеќе време со семејството и пријателите и што е најважно, јас повторно да се забавувам. Мојата порака е: Луѓе, време е повторно да се забавувате“, вели таа.

Пејачката неодамна почна нова креативна рекламна кампања вклучувајќи и интерактивна видеоигра наречена „Хит плеј“, со која ја промовира својата линија чевли.

 

Scroll to Top