Џемпер-фустанот е водечки тренд оваа есен

Овој модел на фустан ќе биде голем хит. Ќе ве стопли за време на ветровитите денови, а во исто време ќе бидете брилијантно стилизирани. Идеален модел за поопуштени прилики и оние денови кога сакате да изгледате лежерно, но и тренди.

Без разлика дали ќе го одберете пократкиот, подолгиот или миди моделот на фустан, нема да погрешите. Моделот со ролка ќе го истакне вашето лице. Ако ја врзете косата со овој стајлинг, ќе изгледате како вистинска трендсетерка.

Нема грешка со моделот во црно. Одличен избор за оние кои сакаат класици и сигурни варијанти.

Многу едноставно, а сепак доста ефикасно. Белиот џемпер-фустан изгледа одлично на сите.

Пократкиот модел на овој фустан може да биде одличен избор за вечерно излегување. Додадете сако преку фустанот и подготвени сте за незаборавна забава.

Scroll to Top