Џенифер Лопез во едноставен црвен фустан го одзема здивот

Пејачката и актерка Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави, а нејзиниот стајлинг често се коментира.

Таа сега ги воодушеви сите позирајќи во едноставен, но впечатлив фустан.

Станува збор за црвен модел припиен до телото. Кројот е едноставен и околу вратот има ролка, со интересна машна.

Џенифер ја разби монотонијата со дискретни обетки, а коментарите не престануваа да се нижат под објавата.

„Преубава“, „Црвено за радост“, „Ти си божица“, „Еден од подобрите стајлинзи“, се само дел од коментарите на ова нејзино издание.

Scroll to Top