Џесика Алба диригира шик и удобен деловен стил

Удобните патики ги заменија високите штикли. Ногата убаво изгледа, а половината не пати.

Актерката Џесика Алба во Холивуд е позната и како деловна жена. Таа веќе една деценија води компанија која се занимава со производство на органски прозиводи за нега на телото.

Она што таа го продова, тоа и го промовира. Овие денови таа беше забележана по улиците на Лос Анџелес, додека одеше од еден на друг деловен состанок.

Акертката за деловниот состанок избра интересна модна комбинација: класична бела кошула, кафена долга сукња и бели патики. Додека во рацете го држеше телефонот и неизбежното кафе, таа самоуверено и без проблеми одеше по улиците на градот во удовните патики.

Scroll to Top