Елегантни зимски парчиња кои ѝ прилегаат на секоја дама после 40-тата година од животот

By

Модните инфлуенсерки на социјалните мрежи одамна покажаа дека модата е за секого.

dobivaj vesti na viber

Како што одминува времето, стилот не го претставува само нашиот вкус и сензибилитет, туку и искуството, поради што со текот на годините станува уште подобар, подефиниран, поавтентичен. Жените кои се навлезени во петтата деценија од животот се неисцрпна инспирација на модните канали, бидејќи секогаш имаат некој оригинален совет или трик кој открива нова димензија на стилот.

Еве кои пет зимски модни марчиња мора да ги имате, за да бидете стилска икона, според дамите на Инстаграм.

1. Класични волнени капути

Нема ништо покласично и повозвишено од квалитетно волнен капут во овој период од годината. Тој е безвременски избор, а придонесува за бескрајна серија на стилски зимски комбинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renia Jaz (@venswifestyle)

2. Кожени парчиња

Модните инфлуенсери се заљубени во кожената облека. Кожата прави здолништата, панталоните и чевлите да изгледаат помоќни и поефективни, а токму тоа е ефектот што го бараме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by All the Pretty Birds (@tamumcpherson)

3. Чизми со дебел ѓон

Не е изненадувачки што еден од најпопуларните трендови на чизми оваа година е омилен и кај жените над 40 години. Изгледот на гломазните чизми е практичен за во зима, да, но го модернизира и секој уличен аутфит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elaine Davis • NYC (@squarepearls)

4. Џемпери со јака

Има нешто во џемперите со јака што ги прави посериозни и елегантни од обичните. Комбинирајте ги со фармерки и чизми и носете ги во сите прилики од работен ден до лежерна вечера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Mitchell (@kimair)

5. Плетени фустани со миди должина

Миди должината моментално е најактуелна, во согласност со сезоната, а исто така доминираат плетените фустани. Без разлика дали ќе го изберете оној со деколте или оној со ребрест материјал, ќе го покажете вистинското лице на трендсетерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Ќе ви се допадне

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

AnimeDao Dragon Ball Z (Dub)

AnimeDao Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 5

animes online Hunter x Hunter (2011)

My Hero Academia Season 3

tải go88