Елеганција и авангарда на третиот ден од Модниот викенд Скопје

Третиот ден од есенскиот Моден викенд Скопје започна со претставувањето на колекцијата „Калеш Анѓа“ на Силвија Миха од ателјето „Алшар“. Колекцијата е инспирирана од книгата на Столе Попов и од македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор.

„Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери, претставени со асиметрични и авангардни форми, со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор,“ вели дизајнерката Миха.

Валоне

Косовската модна куќа „Валоне фешн груп“ во најновата колекција есен-зима 2017/2018 претстави модели составени од вечерни тоалети и венчаници.

Ана Трошиќ Трајковиќ

Првпат на Модниот викенд Скопје се претстави српската дизајнерка Ана Трошиќ-Трајковиќ. Таа ја промовира колекцијата „42“. Креациите се инспирирани од романот „Автостоперски водич низ галаксијата“.

„Шалева котур“ ја прикажа најновата колекција „Френч елеганс“, инспирирана од барокниот стил и француската мода, со креации во црна боја со златни детали.

Шалева котур

Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори вечерва со мултимедијална презентација на Ирина Тошева.

Scroll to Top